Салата со пилешко месо и со киноа

Вкусно предјадење

Наместо киноа, за приготвување на салатата можете да користите просо или хелда

За приготвување на оваа вкусна и хранлива сатата ќе ви бидат потребни 25 минути. Добар апетит!

Состојки:

  • 200 г киноа
  • 200 г пилешко бело месо
  • 2 црвени пиперки
  • 1/2 праз
  • 2 моркова
  • 100 г шампињони
  • 1/2 лимон
  • 1 лажица исечкан магдонос
  • сол

Приготвување:

Пилешкото бело месо се толчи со толчник преку пластично ќесе и се зачинува по желба.

Шампињоните се сечат на четвртинки, празот и црвената пиперка на коцки, а морковите се лупат и се рендаат крупно.

Посебно во помал сад се сипува 500 мл вода, па се вари додека зоврие.

Се додава киноата и се продолжува да се вари додека набабри и омекне, околу 15 минути.

Потоа садот се трга од огнот и се поклопува, па се остава да се олади киноата. Доколку останала течност, се цеди.

Пилешкото месо се пржи на врело масло, да порумени од сите страни. Се остава да се олади, па се сече на стапчиња.

Шампињоните исто така се пржат на масло да омекнат.

Во сад се мешаат киноата, црвената пиперка, празот, морковите и шампињоните.

Се прелеваат со сок од лимон, се наросува магдонос и се зачинува по желба, па се промешува. По сето тоа се распоредува пилешкото месо.

Текст и фото: „Добра храна“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.