Мафини со тиквички за многу малку пари: Ќе имате здрав оброк без масло и брашно за само 15 минути!

Неодоливи

Мафините со тиквички се многу здрави и се неверојатно евтини

Тиквичките важат за многу здрав зеленчук, а особено налето можеме да уживаме во нивниот вкус, бидејќи се задолжителна состојка во многу јадења. Одлично се комбинираат со други намирници и преполни се со витамини, па затоа нудат многу придобивки за нашиот организам. Освен тоа, овој рецепт за мафини е многу здрав, бидејќи не содржи ни масло ни брашно.

Состојки:
  • 2 тиквички
  • 1 морков
  • сол, бибер, магдонос, пиперка
  • млад кромид
  • 100 г сирење
  • јајце
Приготвување:

Изрендајте ги тиквичките и морковите, посолете ги и оставете ги 10 минути да отстојат да пуштат вода. Потоа, процедете ги. Во друга чинија измешајте рендано сирење, сечкан свеж магдонос, сечкан праз, јајца и зачини. Добро промешајте, па додајте ги исцедените тиквички и морков. Измешајте го сето тоа и ставете ја смесата во калап за мафини или во силиконски кошнички. Печете ги на 180 степени, 15-20 минути.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.