Краставици со туна за четири лица

Готови за 30 минути!

Наместо туна, на краставичките може да сервираме паштета од варено пилешко месо.

Краставички полнети со туна се идеална летна закуска. Освежителните краставички и фината, крем-салата од туна одлично се согласуваат. Уверете се сами!

Состојки:

2 свежи краставици

360 г туна

сол

црн пипер

1 китка млад кромид

1 лимон

1 зелена салата

Приготвување:

Измијте ги краставиците, исушете ги и излупете ги украсно, па исечете ги на крукчиња со дебелина од 1 см.

Процедете ја туната од маслото и иситнете ја во блендер во фино пире. Додајте малку лимонов сок, сол и мелен црн пипер по вкус, па мешајте за да ги поврзете состојките.

Наредете ги круговите краставица во чинија и врз секој ставете лажиче од смесата со туна. Посипете со ситно сечкан млад кромид, а како прилог можете да сервирате зелена салата зачинета со малку лимон.

Текст: Хроноготвач

Фото: Илустрација gastro.24sata.hr

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.