Домашен мајонез од ореви: Здрава, а превкусна мачканица што сите ја обожаваат!

Пробајте!

Лесно се приготвува, а дозволува и импровизација

Мајонезот дефинитивно не би требало да биде дел од вашата секојдневна исхрана, а во потрага по поздрава алтернатива за оваа омилена мачканица, наидовме на една поздрава варијанта.

Состојки:
  • 1 шолја индиски ореви
  • неколку обични ореви
  • сок од 1/2 лимон
  • 3 лажици маслиново масло (или повеќе ако процените дека смесата е прегуста)
  • 1/4 шолја вода
  • лажиче сенф
  • лажиче куркума
  • мирудија
  • сол и бибер по вкус
Приготвување:

Потопете ги индиските ореви во вода неколку часа или пократко, но тогаш водата нека биде потопла. Ставете ги во блендер исцедените индиски ореви. Додајте сок од лимон, масло, сенф, вода, куркума и мирудија. Сето тоа изблендирајте го. Ако сакате да добиете оригинален изглед на мајонез, изоставете ја мирудијата, иако таа дава одлична арома.

Пробајте и додајте сол и бибер по вкус или можеби уште сок од лимон. Може и многу малку лук. Во секој случај, прво пробајте, па додајте ги зачините што ги сакате.

Добар апетит!

Подобар од мајонез: Направете кремаст сос за 60 секунди!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.