Подобар од мајонез: Направете кремаст сос за 60 секунди!

Пробајте

Тешко е да се приготви класичен сос холандез

Ако предолго го варите, ќе добиете кајгана. Ако не го варите доволно, сосот нема да се згусне. Ако премногу се олади, состојките ќе се одвојат и ќе добиете лоша структура – но со овој трик на професионалци лесно може да добиете одличен резултат.

Пред да ги приготвувате жолчките, оставете ги најмалку 15 минути на собна температура за доволно да се загреат.

Состојки за сос холандез:
  • 1 жолчка
  • 1 лажиче вода
  • 1 лажиче лимонов сок
  • 110 г путер
  • прстофат сол
  • прстофат мелена лута пиперка, по желба
Приготвување:

1. Измешајте ги жолчката, водата, сокот од лимон и прстофат сол во поголем сад.

2. Стопете го путерот на силен оган непрестајно мешајќи додека се направи пена, односно додека се загрее на температура од 105 степени Целзиусови.

3. Матете ја со миксер смесата од жолчка и истовремено полека сипувајте го растопениот путер.

4. Триесет секунди подоцна ќе добиете кремаст сос.

Кој сос оди со кои тестенини: Вака секогаш ќе ви бидат совршени!
loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време