Неодоливи мафини од коприва: Овој рецепт мора да го пробате…

Ммм…

Копривата не само што е многу здрава, туку со неа можат да се направат многу вкусни јадења, супи, пити, салати, намази, леб, мафини…

Состојки за тестото:

120 гр интегрално брашно
120 гр пченично брашно
250 гр коприва
50 гр крем сирење
40 гр пармезан сирење
1 јајце
1 жолчка од јајце
3 супени лажици маслиново масло
1/2 дл млеко
20 гр свеж квасец
1 лажичка шеќер
1/2 лажичка сол
2 лажици сусам

За фил:

250 гр крем сирење
2 јајца

Подготовка:

Во шолја топла вода ставете квасец, шеќер и малку брашно и оставете го да ферментира, но не премногу.
Во сад измешајте ги брашното и солта, додадете го квасецот и останатите состојки и месете додека не се добие мазно тесто. Оставете го на топло место да ферментира.
Расукајте го тестото, а потоа со калап исечете кругови доволно големи за да ги обложите вдлабнатините во калапот за мафини. Наполнете го секој со смесата од сирење и јајца и нежно притиснете ги рабовите да се запечатат.
Секое премачкајте го со жолчка и посипете со сусам. Се пече во рерна загреана на 200 степени C околу 30 минути.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.