РУЧЕК ЗА ДЕНЕС: Ако го испечете пилето во рерна на ваков начин, ќе има вкус како да е готвено под сач!

Одличен рецепт

Најубавото свечено јадење во Македонија, дефинитивно е печеното пиле со компири, но ако го приготвите на ваков начин, долго ќе ви остане во сеќавање

Состојки:
  • пиле од 2 кг па и повеќе
  • 1 кг исчистен компир
  • 3 пиперки
  • 3 лути пиперчиња
  • 1 тиквичка
  • 1-2 главици кромид
  • сол, бибер, сув зачин, масло
Приготвување:

Добро премачкајте го пилето со сенф, сув зачин и бибер. Исечете го на пола, па ставете го на решетките во рерна. Под него ставете тепсија полна со исечкан и зачинет зеленчук. Зеленчукот убаво ќе ги впие сите мириси и маснотии од пилето, а тоа ќе биде сочно и крцкаво.

Овој ручек печете го во рерна на температура од 180 степени околу еден час.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.