Работи што никогаш не би ви падналe памет дека привлекуваат богатство: Ставете го ОВА во паричникот и веднаш ќе забележите резултати!

Привлечете пари

Фото: Unsplash

Принципите на фенг шуи ќе ви помогнат да создадете опкружување што ќе ве зајакне и ќе ви помогне да ја привлечете енергијата на парите

Фенг шуи е кинеска филозофија насочена кон подобрување на животот и навиките, домашната или работната атмосфера, но и на воспоставување хармонија помеѓу енергијата и духот.

Тоа е буквално уметност и концепт на распоредот на мебелот во вашиот дом. Начинот на кој го поставувате и распоредувате мебелот и другите елементи во домот носи добри или лоши вибрации, а со тоа и позитивни или негативни можности.

Ако се прашувате како да привлечете пари во својот живот користејќи ја моќта на фенг шуи, ова се петте правила што треба да ги следите…

1. Чистење

Извадете сè од паричникот, буквално сè. Пребришете го целиот со влажна крпа од микровлакна за да го исчистите. Отстранете ги работите што не ви се потребни.

2. Сортирајте сè што сте нашле внатре

Веројатно имате еден куп картички, сметки или хартивчиња што всушност не ви требаат. Ако меѓу нив има и такви што мора да ги задржите, местото не им е во паричникот, туку некаде во домот каде што ги чувате другите документи поврзани со финансии. Фрлете ги сите истечени членски картички, а броевите од визит-картичките препишете ги во телефонот.

Не заборавајте на готовината – убаво исправете ги банкнотите и потоа наредете ги. Колку пати ви се случило да претурате низ парите, бидејќи не знаете каде е која банкнота, или сте помислиле дека таа од 200 денари е од 2000? Наредете ги банкнотите според вредноста, од најмалата кон најголемата и секогаш нека ви стојат така. Ова е првиот чекор кон отстранувањето на хаосот од паричникот и многу ќе ви значи.

3. Што оди во која преграда?

Секогаш носете го во паричникот само она што мора да го имате со себе секој ден. Ако од него ви испаѓаат стуткани банкноти, потврди од банка што веќе избледеле, визит-карти, потсвесно ќе ве нервира штом ќе го отворите. Сè што често ви треба, ставете го во најлесно достапната преграда.

4. Додајте еден лист хартија во него

Добрата енергија привлекува добри вибрации, па во една од преградите на паричникот, ставете лист хартија на кој рачно сте напишале афирмација, порака за себе, па дури и чек на кој сте си напишале одредена сума, а нема да го смените за кеш, како симбол за привлекува добра енергија.

5. Каде го чувате?

Сте го средиле паричникот, подготвен е да привлекува добра енергија и изобилство, па сега не би било добро само да го фрлите во чантата преполна со хаос. Средувањето на чантата нека биде вашиот следен чекор.

Уште еден совет: никогаш не купувај половни, односно паричници „на старо“. Се верува дека енергијата на претходниот сопственик би можела да влијае врз вас и врз вашиот живот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.