Ручек без мана: Кремлив, богат, а здрав – им се допаѓа буквално на сите!

Пробајте!

Мусаката од тиквички е јадење без мана – му се допаѓа секому, а многу е вкусна и здрава

Најлесниот рецепт за мусака од тиквички е оној со колбаси!

Состојки:
  • 3 главици кромид
  • 2 тиквички, околу 500 г
  • 3-4 колбаси
  • сол, бибер, сладок и лут црвен пипер, сув зачин

За преливот:

  • 4 јајца
  • 250 мл јогурт
  • 300 г фета-сирење или кисела павлака
  • 4 чешниња лук
  • сол, бибер
  • 2 лажици брашно
  • 1 лажица гриз
Приготвување:

Продинстајте го кромидот, па додајте ситно сечкани колбаси. Динстајте го сето тоа неколку минути, па оставете да се олади. Исечкајте ги тиквичките на покрупни парчиња, па зачинете ги по желба.

Густо наредете ги тиквичките на дното на тепсија, а преку нив ставете го филот од кромид и колбаси. Пригответе го преливот така што ќе изматите јајца, јогурт, фета, лук, гриз, брашно и зачини. Сипете го врз колбасите и тиквичките, па печете во рерна на 200 степени околу 30 минути.

На здравје!

РУЧЕК ЗА ДЕНЕС: Мусака од компири и тиквички – сочно јадење без месо
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.