РУЧЕК ЗА ДЕНЕС: Мусака од компири и тиквички – сочно јадење без месо

Одличен рецепт

Неверојатниот вкус на ова јадење ќе ве остави без текст

Состојки:
  • 500 г компири
  • 300 г тиквички
  • 2 дл кисела павлака
  • 1 кромид или 3 млади кромиди
  • 50 г рендан кашкавал
  • 100 мл млеко
  • 1 лажица брашно
  • 1чешне лук
  • сол
  • свежо мелен бибер
  • мускатно оревче
  • мајчина душица
Приготвување:

Излупете го компирот и исечкајте го на тенки кругови. Не лупете ги тиквичките, само исечкајте ги на кругови. Подмачкајте огноотпорен сад со путер и во него наредете ги компирите и тиквичките. Кромидот исечкајте го на тенки кругови и наредете го врз компирот и тиквичките. Сето тоа посипете го со мајчина душица.

Разматете брашно во млеко, додајте павлака, ситно сечкан лук, сол, бибер и рендано мускатно оревче. Прелејте ја смесата преку компирите и тиквичките. Печете на 200 степени околу половина час за да омекне зеленчукот. Посипете со рендан кашкавал и печете уште 10-15 минути.

Брз и лесен ручек: Мусака од ориз и тиквички
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.