Брзи и лесни пица-мафини: Одлична комбинација од двете омилени јадења на многумина!

Вкусот ќе ве воодушеви

Идеални се за сите пригоди: појадок, ужина, вечера, за на работа или за прослави и родендени

Рецептот за овие пица-мафини е многу едноставен, а ќе добиете фантастични залачиња за сите пригоди, дури и за ненајавени гости.

Се приготвуваат многу лесно и брзо, а можете и да експериментирате со состојките во зависност од тоа што ви се јаде или што имате во фрижидерот – што и да одберете, нема да погрешите!

Состојки:
  • 4 јајца
  • сол
  • 270 г кисела павлака
  • 100 мл масло
  • 1 лажица кечап
  • 1 лажиче оригано
  • 100 г остро брашно
  • 100 г пченкарно брашно (може и  интегрално пченкарно брашно)
  • 1 лажиче прашок за печиво
  • 200 г шунка
  • 100 г кашкавал

За премачкување:

  • кечап
  • оригано
  • кашкавал
Приготвување:

Во сад измешајте пченично и пченкарно брашно со прашок за печиво и оригано. Со миксер пенесто изматете јајца и сол. Потоа, додајте кисела павлака, масло, лажица кечап, па изматете уште малку со миксер.

Постепено додавајте ја смесата од суви состојки, па изматете со миксер додека добиете изедначена смеса. Обложете калап за мафини со хартиени кошнички и сипете ја смесата во нив.

Печете во загреана рерна на 190 степени околу 20 минути. Потоа, премачкајте ги мафините со кечап, посипете кашкавал и оригано. Вратете ги во рерна и печете ги уште 5 минути.

Меки мафини со крем-сирење што ги обожаваат и најголемите гурмани: Пригответе божествено јадење за само 15 минути!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.