Торта-полицајка: Рецепт што секоја домаќинка би требало да го запише!

Лесно се приготвува!

Сочни чоколадни кори прелиени со највкусниот фил

Потребни состојки:

За 1 кора (треба да направите 2)

  • 2 јајца
  • 12 лажици брашно (околу 200 грама)
  • 12 лажици шеќер
  • 12 лажици млеко
  • 2 лажици масло
  • 1 лажица какао
  • половина кесичка прашок за печиво

За филот

  • 1 литар млеко
  • 16 лажици шеќер
  • 250 грама путер
  • 200 грама црно чоколадо за готвење
  • 1 лажица рум
  • 1 ванилин шеќер
  • 250 грама мелени ореви
Приготвување:

Добро изматете ги јајцата и брашното, па додајте ги останатите суви состојки, па млекото и маслото. Матете со најмала брзина.

Истурете ја смесата во калап обложен со хартија за печење и печете во загреана рерна на 180 степени. Кората треба да се пече околу 18 минути, но проверете ја со чепкалка за секој случај.

Повторете ја постапката за другата кора.

Кога ќе ги испечете корите, оставете ги да се изладат.

За филот, измешајте ги сите состојки и загревајте додека не се стопат. Исечете ја секоја кора на половина, па ќе добиете вкупно 4 кори.

Во калап обложен со фолија ставете ја првата половина кора, па натопете ја со фил и повторете го истото со другите две кори додека не го потрошите цел фил, па поклопете со четвртата кора и оставете ја тортата да се лади преку ноќ.

На готовата торта може да ставите глазура од чоколадо, ореви или само да ја наросите со шеќер во прав. Добар апетит!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.