Протеински топчиња со чиа семе

Чувајте ги во фрижидер и јадете ги за ужинка или појадок кога сте во брзање.

Ако барате здрав рецепт за ужина, кој не содржи глутен, јајца и млеко, ова е вистински рецепт за вас.

Состојки:

Една и пол чаша овесни снегулки

Половина чаша путер од кикирики

Половина чаша чиа семе

Половина чаша мед

Една четвртина чаша какао

Една четвртина чаша сецкани бадеми

Подготовка:

Во поголем сад истурете ги сите состојки по ред: овес, путер од кикиритки, чиа семе, мед, какао и сецкани бадеми и добро мешајте за да ги соедините состојките.

Оставете ја смесата да отстои во фрижидер околу еден час или додека не е доволно цврста за да направите топчиња.

Направете топчиња со големина околу два до три сантиметри.

Најдобро е да ги чувате во фрижидер.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.