Едноставен трик кој ќе ги направи вашите кожни обувки удобни: еве како чевлите и чизмите да не ви бидат тесни

Едноставен трик кој ќе ги направи вашите кожни обувки удобни: еве како чевлите и чизмите да не ви бидат тесни

Мора да го пробате овој бесплатен и едноставен трик со кој обувките ќе ги направите поудобни!

Кожните чевли се на листата на омилените обувки.

Сепак, често се случува, по првата прошетка во новиот пар на чевли, да сфатиме дека се премногу тесни и непријатни.

Секогаш постои опција да ги однесете на чевлар, но во исто време постои ризик чевларот целосно да ги деформира чевлите.

За да го имате истиот, само поудобен пар, ве советуваме да го пробате овој едноставен и бесплатен домашен трик за да ги проширите чевлите за само неколку минути.

Ви треба:

  • фен за коса
  • термо чорапи

Облечете ги термо чорапите и потоа обујте ги чевлите или чизмите над нив.

Почнете да ги загревате чевлите со фен за коса и воедно поместувајте ги прстите, за да помогнете и со тоа во ширењето на обувките.

По околу минута затоплување, прошетајте дваесетина секунди и, доколку е потребно, повторете ја постапката.

И тоа е тоа, за неколку минути ќе имате чевли кои ќе бидат целосно прилагодени на вашата нога!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.