Омилениот колач на Кејт Мидлтон: Чоколадно суфле по рецепт на слаткарот на кралското семејство

Вкусно

Ни оние што не се љубители на благо не го одбиваат овој десерт

Кејт Мидлтон внимава на својата фигура и не јаде често благо, но кога ќе реши да се почести, секогаш одбира суфле со урми и прелив од карамела. Слаткарот на кралското семејство го открил рецептот за овој сочен десерт.

Состојки:

За преливот:

  • 1/2 шолја кафеав шеќер
  • 1 шолја путер
  • 1/2 шолја слатка павлака

За колачот:

  • 170 г исечкани урми
  • 1 лажиче прашок за печиво
  • 1 лажиче сода бикарбона
  • 240 мл зовриена вода
  • 60 г путер
  • 170 г шеќер
  • 225 г црно чоколадо
  • 1 јајце
  • 230 г брашно
  • 1 лажиче екстракт од ванила
Приготвување:

Преливот: Во тавче загрејте кафеав шеќер, путер и слатка павлака на висока температура со постојано мешање. Кога шеќерот ќе се стопи, тргнете го од рингла.

Колачот:

Во чинија сипете 1 шолја зовриена вода врз сечканите урми и содата бикарбона и добро измешајте.

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Во друга чинија, со миксер матете шеќер и путер додека добиете лесна и пенеста текстура (околу 3 минути). Додајте јајца и екстракт од ванила и мешајте додека сето тоа се соедини. Додека мешате, полека сипувајте брашно, прашок за печиво и смесата со урми. Сето тоа заедно префрлете го во сад за колач.

Покријте го садот со хартија за печење, а потоа и со еден слој алу-фолија.

Ставете го колачот во рерна и печете 30-40 минути.

Кога ќе се испече, со лажица извадете парче колач и послужете го на чинија. Врз колачот сипете го претходно приготвениот сос. По желба, можете да додадете шлаг и малку свежо овошје.

Добар апетит!

Тирамису со јагоди: Сочен, кремаст и божествен десерт!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.