Есенска торта – совршенство во секое залаче

Пробајте ја веднаш – нема да згрешите!

Потребни состојки: 

За КОРА:

300 г брашно
200 г путер
2 жолчки
половина лажичка сол
2 лажици павлака
половина лажичка прашок за печиво

За ЖОЛТ ФИЛ:

500 г тиква
600 мл млеко
100 г шеќер
1 ванилин шеќер
1 лажиче ѓумбир
1 лажиче цимет
3 јајца
50 г путер

За БЕЛ ФИЛ:

500 г крем-сирење
200 г шеќер
5 јајца
1 лажица сок од лимон
1 ванилин шеќер

Приготвување:
Од горенаведените состојки замесете тесто и ставете го во фрижидер половина час.

Исечкајте ја тиквата на коцки, сварете ја во млеко, испасирајте ја па соединете ја со шеќерот, изматените јајца, циметот, ѓумбирот и путерот.

Изматете го крем-сирењето со шеќер, сок од лимон и ванилин шеќер.

Додајте ги јајцата и матете додека се изедначи и стане компактно.

Извадете го тестото од фрижидер, расукајте го и ставете го во сад за печење. Врз тестото премачкајте го белиот фил, а одозгора жолтиот фил.

Печете прво половина час на 180 степени, а потоа околу 20 минути на 140 степени.

Добро изладете ја тортата пред да ја послужите.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.