Меган Маркл била секси-хостеса пред да се омажи со Хари: „Мозокот не беше важен, ме тераа да го вовлекувам стомакот, не се чувствував паметно!“

Шоубизнис

Меган Маркл, сопругата на принцот Хари, беше секси-водителка на ТВ-шоуто „Deal or no deal“ пред 16 години (помеѓу 2006 и 2007 година), а за таа епизода од нејзиниот живот зборуваше во нејзиниот подкаст Archetypes со Парис Хилтон.

Тема на разговор беа предрасудите за жените кои ги нарекуваат „бимбо“ или „глупави русокоси“, а Меган сподели дека воопшто не се чувствувала паметно додека во споменатата шоу-програма отворала актовки во секси-облека.

Навистина бев благодарна што имав работа за да ги плаќам сметките. Имав приход, бев во синдикат, имав здравствено осигурување, тоа беше одлично. Но на крајот го напуштив шоуто. Бев толку многу повеќе од она што беше објективизирано на сцената. Не ми се допадна да ме принудуваат да работам нешто што се темели само на изгледот“, рече таа.

Меган истакна дека ѝ пречи што не можела да ја користи својата интелигенција, за разлика од времето кога работела како приправник во Амбасадата на САД во Аргентина.

Пред снимањето на шоуто, сите девојки се редеа и имаше различни соби за ставање трепки, екстензии или потпунки за градникот. Дури добивавме ваучери секоја недела за да одиме на солариум бидејќи имаше многу јасна идеја за тоа како треба да изгледаме. Тоа е направено чисто за убавина, не нужно да си паметен, рече Меган, и додава дека таму има една жена, која постојано ја опоменувала „да го вовлече стомакот“.

„На крајот дадов отказ. Благодарна сум за таа работа, но се чувствував ужасно, односно воопшто не паметна“, додала таа. За ќерката Лилибет вели дека сака сосема поинакви работи.

„Посакувам мојата Лили да сака да се образува и да сака да биде паметна и горда на тие работи“, заклучила таа.

Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More