Брза домашна штрудла со афион: Без чекање да нарасне тестото!

Превкусна!

Неодолив вкус и мирис

Состојки:

За тестото:

  • 200 мл млеко
  • 1 лажица шеќер
  • 7 г сув квасец
  • 1 јајце и 1 белка
  • 125 г путер
  • 500 г меко брашно + за премесување
  • 1 лажиче млеко за премачкување

За филот:

  • 400 г мелен афион
  • 150 г шеќер
  • 50 г гриз
  • 30 мл млеко
Приготвување:

Загрејте го млекото за тестото, па веднаш ставете го млекото за филот. Во топлото млеко ставете шеќер и квасец и оставете го да нарасне. Измешајте афион, шеќер и гриз, па прелејте ги со зовриено млеко, измешајте и оставете да се лади. Повремено промешувајте за побрзо да се олади.

Во сад ставете брашно, додајте путер, јајце и белка, па додајте го нараснатиот квасец. Прво мешајте со лажица, па потоа месете со рака. Добро истискајте го тестото за убаво да се впие путерот. На крај, додајте малку брашно, па премесете го тестото.

Посипете малку брашно на масата, па повторно премесете го. За тоа време филот се лади. Доколку сè уште е врел, покријте го тестото со кеса и почекајте. Ако филот е млак до топол, можете веднаш да го употребите.

Поделете го тестото на два дела. Во плех ставете хартија за печење со направена преграда помеѓу двете штрудли за да не се залепат.

Расучете го тестото во ширина на плехот, па потоа и во должина. Нанесете половина од мерката за афион, па префрлете ја прво долната страна, па левата, а потоа и десната, по 1-2 см од страните. Продолжете да ја завиткувате на вообичаениот начин. Поставете ги двете раце под штрудлата и префрлете ја во плехот. Истото повторете го и со другото тесто.

Изматете жолчка со млеко и премачкајте ги штрудлите. Малку избодете ги со виљушка. Загрејте ја рерната на 180 степени, па ставете ги да се печат. Печете ги 40 минути, а по 20 ставете хартија за печење.

Печените штрудли оставете ги да се ладат онолку колку што можете да издржите а да не ги пробате! Добар апетит!

Брза штрудла со афион: Миризлива, мека и сочна – десерт во кој се ужива со сите сетила!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.