Подарок: Серум за лице Glowy Skin by Pura Perla

Целосна замена за хидратантен

Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи!

Во рамките на јунската „У&З-лавина од подароци“, објавени во новиот број на најтиражниот магазин за жени „Убавина и здравје“, една читателка ќе има моќност да добие на подарок серум што е целосна замена за хидратантен крем за лице Glowy Skin by Pura Perla.

Станува збор за органски производ, кој, иако е 100% маслен, веднаш се впива во кожата, хранејќи ја со богатиот состав на витамини и минерали.

Серумот има долготрајно дејство, а во својот состав вклучува јојоба, составена од естери, слични на човековиот себум со што го одржува балансот околу неговата секреција.

Невенот содржи каротеноиди и флавоноиди. Третира осетлива кожа – лекува и намалува воспаленија.

Маслото од цвет од диви ружи – едно од најлуксузните масла на пазарот. Извор на омега 3,6 и 9 масни киселини, витамини А, Ц, Е и линолејска киселина. Ја ревитализира кожата враќајќи и го убавиот, здрав сјај.

Формулата е збогатена со токоферол или витамин Е, природен антиоксиданс, борец на слободните радикалии, како и со ретинил или витамин А, познат по своето антиејџинг-дејство. Помага во реконструкција на колагенот.

Лавандата, пак, смирува иритација и црвенило. Финален производ ефективен во борбата со стареењето. Не ги затнува порите и ја остава кожата да дише.

Производот е природен антисептик. Ќе ја нахрани кожата, ќе спречи воспаленија и ќе ја заштити од акни и дамки.

Сè што треба да направите за да го добиете овој прекрасен подарок од „Пура перла“ и „Убавина и здравје“, е да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во јули.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

 

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.