Бели коцки со вишни

За 12 лица

Вкусен, лесен и сладок, колачот со вишни ќе преизвика насмевка на лицата на вашите најмили. Добар апетит!

Состојки:

За кората:

  • 4 јајца
  • 4 лажици шеќер
  • 2 лажици брашно
  • 2 лажици густин
  • 3 лажици масло
  • 150 мл млеко

За филот од вишни:

  • 600 г вишни
  • 100 г шеќер
  • 3 лажици густин
  • 10 г желатин

За филот од ванила:

  • 700 мл млеко
  • 2 пудинга од ванила
  • 10 лажици шеќер
  • 100 г бело чоколадо
  • 200 г путер

За декорација:

  • 350 мл слатка павлака

Приготвување:

За приготвување на кората белките се одвојуваат од жолчките и се матат во цврст снег, со постепено додавање шеќер.

Се додаваат една по една жолчките и се долева масло во тенок млаз, постојано матејќи со миксер. На крајот се ставаат брашното и густинот.

Плехот за печење се обложува со хартија за печење и во неа се излева смесата за кората. Се пече во загреана рерна на 200°С, додека порумени. Печената кора се попрскува со млеко.

За приготвување на овошниот фил се соединуваат вишните со шеќерот и се проваруваат.

Густинот се разматува со малку вода и се додава во смесата од вишни. Се продолжува да се вари додека се згусне.

Желатинот се прелева со 4 лажици ладна вода, па се промешува и се остава да набабри. Се растопува и се додава во филот од вишни. Филот се прелева преку кората и се остава да се зацврсти.

За приготвување на филот од ванила во тенџере се додава 500 мл млеко, се става шеќер и се вари додека зоврие.

Посебно се мати остатокот од млекото со пудингот од ванила, па се додава во зовриеното млеко и се продолжува да се вари, со постојано мешање, додека се згусне.

Во топлиот фил се додава искршеното бело чоколадо и се меша додека се растопи. Во оладениот пудинг се додава путерот и се миксира.

Преки оладениот фил од вишни се нанесува филот од ванила и се измазнува.

Слатката павлака се мати во цврст шлаг и се премачкува преку филот.

Текст и фото: „Добра храна“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.