Десерт без печење: Чизкејк со џин тоник!

Интересен рецепт, и многу вкусен...

Фото: Printerest

Љубителите на џин и тоник ќе го сакаат овој десерт кој е освежителен и лесен за подготовка.

Состојки:

  • 200 грама чајни бисквити
  • 100 грама путер
  • 500 грама крем сирење
  • 25 грама шеќер во прав
  • 50 мл џин
  • 1 лажичка лимета (или сок од лимон)
  • рендана кора од лимон
  • 100 грама бело чоколадо
  • 300 мл слатка павлака

Подготовка:

Најпрво направете трошки од чајните бисквити. Можете да користите блендер или сукало. Скршените бисквити измешајте ги со растопениот путер и смесата ставете ја во тавче за торта со дијаметар од 20 сантиметри. Ставете во фрижидер.

Додека подлогата со бисквит е во фрижидер, во поголем сад измешајте ги крем сирењето, шеќерот, џинот, сокот од лимета и ренданиот лимон. Мешајте додека не добиете мазна смеса. Растопете го белото чоколадо и оставете го да се излади околу две минути, а потоа измешајте го со кремот.

Посебно изматете ја слатката павлака и нежно измешајте ја со смесата од бело чоколадо и крем сирење. На крајот прелијте ги бисквитите со кремот и ставете ги во фрижидер најмалку шест часа, но пожелно е колачот да се остави преку ноќ.

Секако, послужете ја тортата со чаша џин тоник!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.