6 француски совети за убавина кои ќе направат да заблескате!

Еве зошто Французинките се едни од најубавите жени...

Тие се фит, имаат убава коса и кожа. Нивната љубов кон животот се рефлектира во се што прават, без разлика дали се работи за уживање во ручек со пријателите или за разубавување. Французите имаат фантастични производи и техники кои им ги нудат на жените ширум светот, како мицеларна вода или балсам за лице од цвет од портокал, прекрасни парфеми и диети кои вклучуваат органско овошје, зеленчук и вода.

Еве неколку совети од Французинките, кои ќе придонесат за вашата убавина.

1. Повеќе вода

Французинките постојано пијат вода. Водата ги „мие“ токсините од телото и ја прави вашата кожа сјајна. Исто така, им овозможува на внатрешните органи да работат нормално и го штити вашето здравје. За да го одржат телото хидрирано, Французинките се трудат што повеќе да јадат органска храна. Тие се обидуваат да ја елиминираат храната која содржи многу шеќер и масти, како и преработената храна.

2. Помалку шминка

Ако погледнете француска реклама или едноставно прошетате низ улиците на Париз, ќе забележите дека Французинките генерално не користат многу шминка. Имаат минималистички пристап и користат само лесна пудра, малку коректор, руменило и кармин.

3. Користете мицеларна вода за отстранување на шминката

Мицеларната вода е најефективниот начин за отстранување на шминката. Тоа е вода која ги отстранува нечистотиите и вишокот маснотии од вашето лице. Ја чисти кожата многу подобро од сапун и вода или влажни марамчиња.

4. Користете цветни балсами

Цветните балсами се совршени природни тонери. Не само што се одлични за кожата, бидејќи ја прават мека и освежена, туку оставаат и прекрасен женствен мирис. Препорачуваат балсам од цветови од портокал или роза.

5. Додека нанесувате крема, масирајте го лицето

Без разлика дали нанесувате дневна или ноќна крема, француските убавици препорачуваат тоа да го правите со лесни движења налик на масажа. Ова помага да се одржи тонусот на мускулите и ја прави вашата кожа да изгледа позатегната. Започнете од линијата на вилицата до образите и продолжете помеѓу веѓите до линијата на косата.

6. Не претерувајте со вежбањето

Ако внимавате што јадете, пиете доволно вода и пешачите околу 30 минути дневно, тоа ќе биде доволно за да останете во добра форма. Французинките уживаат во се, вклучувајќи ја и храната. Уживањето во храната не мора да вклучува нездрави оброци. Она што е вкусно не е секогаш нездраво. Самото уживање, верувале или не, е силно поврзано со убавината. Насмевката е најубавото нешто, а кога се чувствувате добро во сопствената кожа, зрачите со убавина. Ако вежбањето ве прави среќни, повелете! Само знајте дека не мора да трчате секој ден или да се мачите себеси со напорни тренинзи во теретана за да бидете во форма и да се чувствувате убаво. Лесна прошетка или јога ќе го имаат истиот ефект.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.