Излезе вториот необичен сингл на THE THREE OF US, наречен GODS & DEMONS (ВИДЕО)

Поразлично од се' што сте виделе досега!

The Three of Us со неговата музика продолжува емоционално, како и интелектуално да нѐ води на места на кои вообичаено навистина ретко се наоѓаме

По објавата на еклектичниот деби спот Dropout, The Three of Us нѐ носи подлабоко во своето творештво, овој пат со песната Gods & Demons, чиј видео запис е изработен на еден сосема необичен начин, кој се разликува од сѐ она што до сега сме го виделе на естрадата.

Темата на овој сингл потекнува, а и говори за контрастот и двојноста на човековата природа. Покрај неоспорливата оригиналност на неговото творештво, The Three of Us со неговата музика продолжува емоционално, како и интелектуално да нѐ води на места на кои вообичаено навистина ретко се наоѓаме.

За овој лиричен спот да се сними придонесоа пет професионални филмски екипи кои истовремено снимаа во Европа и Азија, како и многу луѓе кои испратија нивни сопствени снимки направени аматерски, или пак полу – професионално. Мал дел од најдобрите материјали што беа снимени во текот на тој седумдневен процес се прикажани во ова извонредно видео.

„По најдолгиот сет за музички спот на кој што сум бил досега, и по постојаниот контакт со филмски екипи и луѓе лоцирани во градови како Берлин, Скопје, Токио, Јордан и други, можам со сигурност да речам дека ова е досега воедно и највозбудливиот видео проект на кој сме работеле. Интерактивниот пристап кој го применивме за да го реализираме овој материјал беше одлична идеја, и се надевам дека во иднина некогаш повторно ќе имаме прилика да монтираме спотови чии материјали се должат како на нашите екипи, така и на публиката” – вели The Three of Us.

Песната и видеото можете да ги проследите во продолжение…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.