Вкусни приказни: Брз двослоен десерт

Рецепт на Весна Ѓурковска-Каеска

Пробајте го овој вкусен десерт со здрави состојки

Инстагра-профилот на Весна Ѓурковска-Каеска @vkusniprikazni изобилува со вкусни и интересни рецепти за вашите најмали. Овој двослоен десерт ќе ви заштеди многу време бидејќи брзо се приготвува, но не се препорачува за деца под една година поради медот. Пробајте!

Состојки:
  • 200 г тостиран лешник
  • 2 лажици кокосово масло
  • 10 свежи урми
  • 2 лажици путер од лешник
  • 100 г непечени индиски ореви
  • сок од еден лимон
  • 2 лажици мед или засладувач по избор
  • 1 лажица какао
Приготвување:

1. Процесирајте го тостираниот лешник со кокосовото масло, претходно потопените свежи урми и путерот од лешник.

2. Откако ќе се изедначи смесата, ставете ја во калапче и оставете ја во фрижидер да се олади и стегне.

3. Во меѓувреме пригответе го кремот. Блендирајте ги индиските ореви, кои претходно биле потопени во вода, со лимоновиот сок, медот и какаото. Може да блендирате додека добиете убава хомогена смеса или да оставите да се чувствуваат јатките.

4. Нанесете ги на претходниот слој што се оладил и зацврстил.

5. Израмнете со шпатула и декорирајте по избор.

Добар апетит!

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.