Вака се одгледува хортензија во саксија: Следете ги овие 3 правила и раскошно ќе ви цути во текот цела сезона!

Совет на цвеќари

Совршен украс за секој балкон

Хортензиите изворно потекнуваат од Северна Америка, каде што се пронајдени нивни траги стари помеѓу 40 и 65 милиони години, потоа се распространиле во Јапонија, а во Европа пристигнале дури во 1736 година.

Денес им се омилено цвеќе на многумина, па летото е незамисливо без овој цвет. Ова раскошно цвеќе може да се одгледува и во саксија на мал балкон, па дури и на прозорец. Потребно е само да ги следите овие 3 правила…

1. Водете сметка за големината на саксијата

Хортензиите се растенија што релативно брзо растат, па веќе за една година можат значајно да ја зголемат големината на својот корен, а со тоа и на другите делови. Затоа, потребно е да внимавате на големината на саксијата при садењето. Одбегнувајте да ги чувате во пластичните саксии во кои сте ги купиле, па задолжително пресадете ги. Саксијата нека биде во склад со видот хортензија што сте ја купиле, бидејќи нивната големина се движи од половина, па сè до повеќе од два метра.

2. Сместете ги на место со ладовина

Овие билки се идеални за мали балкони, бидејќи даваат заштита од љубопитни погледи, но за да растат успешно, треба да ги сместите на место со ладовина. Нивното идеално живеалиште би требало да биде свртено кон источната или југоисточната страна на светот.

Така хортензијата ќе добие и утрински и претпладневни сончеви зраци, но нема да биде изложена на нив во текот на пладнето и попладнето, кога температурите на воздухот се највисоки. Секако, настојувајте да одбегнувате нивно поставување на балкони кои се свртени кон југ и запад.

Кога ќе дојде зима, преместете ги во внатрешноста на домот, но не во оние простории каде што е многу топло.

3. Полевајте ги два пати дневно

Самото име на овие билки потекнува од грчките зборови hydros (вода) и angos (тегла), а тоа доволно кажува за тоа колку им треба влажна земја. Затоа, во текот на најголемите летни горештини треба да ги полевате наутро и навечер, додека во текот на помалку спарните денови, и еднодневно полевање ќе резултира со успех. Овие билки имаат неверојатна моќ за регенерација, па дури и оние свенатите повторно ќе живнат по едно полевање.

Кралски цвет што го смирува умот: Мора да го имате ова цвеќе на балконот или во градината!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.