Ставете лажица од овој зачин во машината за алишта: Пожолтената и посивената облека ќе си ја врати некогашната белина

Трик што ќе ѝ ја врати белината на облеката

Неверојатно, но овој трик навистина функционира

По неколку перења, се случува облеката и долната облека во бела боја да пожолти или посиви, а доколку ја перете заедно со други парчиња во боја, може целосно да ја промени бојата. Меѓутоа, благодарение на овој трик, таа повторно ќе заблеска со својата белина.

За тоа би можел да ви помогне еден зачин кој нема голема врска со белата боја во класична смисла. Биберот е црвен, кафен или црн, во зависност од сортата. Ни белиот бибер не е класично бел. Сепак, овој зачин би можел да ви помогне во перењето на пожолтената облека, пешкири или постелнина.

За да го направите тоа, белата облека треба да ја ставите во машина за перење без никакви парчиња во друга боја. Потоа, се истура лажиче бибер директно во барабанот. На пример, тоа може да биде црн бибер, малку покрупно сомелен.

Биберот ќе дејствува како абразив во машината за перење алишта и така ќе ги отстрани другите обоени честички од облеката. Но за да исчезне талогот од облеката, не е доволен само биберот. Треба да ги наполните фиоките и со соодветниот детергент.

Облеката не смее да се пере на висока температура, 40 или 60 степени е сосема доволно. На крајот, алиштата повторно ќе бидат чисто бели.

Најдобриот трик за чистење машина за перење алишта: Ставете го ова во барабанот и сите нечистотии ќе испливаат!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.