Шест хигиенски грешки што ги повторуваме (пре)често!

Понекогаш ни се чини дека нашите хигиенски рутини – кои ги применуваме долго време – се единствените точни! Сепак, реалноста е дека ние често правиме грешки, и онакви кои се лоши за нашето здравје! Еве за што станува збор …

Предолго време за туширање или премногу често туширање

Можеби звучи чудно, но премногу често миење е исто толку лошо како кога некој воопшто не се мие. Според тим експерти за инфективни болести од универзитетот Колумбија, премногу честото туширањето ја прави кожата сува и предизвикува нејзино пукање, а токму овие мали пукнатини на неа ќе овозможат полесно влегување на микробите, вирусите и бактериите во вашето тело. Затоа, експертите препорачуваат да не се туширате повеќе од еднаш на ден, а Healthline ги наведува и општите правила што треба да се следат за време на туширањето:

  • не се туширајте со врела вода, користете топла вода
  • не се туширајте повеќе од 10 минути
  • користете благ сапун и шампон
  • нанесете хидратантна крема по секое туширање и капење.

Не ги миете рацете пред да одите во тоалет

Бактериите не се наоѓаат само во бањата или во тоалетот, тие се наоѓаат низ целата куќа. Тоа значи, ако одите во тоалет, тие се веќе на ваши раце. Затоа, кога допирате или сте близу до приватните делови, на вашите раце има потенцијално опасни микроби. Затоа би било најдобро да ги миете рацете и пред и по мокрење.

Пуштате вода по вршење нужда користејќи ги прстите

Тоалетот е веројатно највалканото место во вашиот стан или куќа. Некои истражувања покажуваат дека капките што содржат микроби на површината на тоалетната школка понекогаш се наоѓаат таму до 90 минути по испирање на водата, особено ако ја пуштите водата пред да го спуштите капакот. Затоа, обидете се да ја пуштите водата користејќи ја надворешноста на вашата рака. Ова може да ви помогне во случај на понатамошно ширење на бактерии, ако заборавите да ги измиете рацете по вршење нужда и да допрете други површини со прстите.

Долго спиете на иста навлака за перница

Перниците се рај за мувла и бактерии, особено ако зборуваме за оние направени од пердуви. Една студија навела дека прашината може да предизвика алергии кои предизвикуваат назална конгестија, оток и иритација на горниот респираторен тракт. Исто така, се препорачува навлаката за перницата да ја миете секоја недела на температура од најмалку 50 степени.

Дозволувате домашните миленичиња да спијат во вашиот кревет 

Покрај денот, хигиенските правила треба да се следат и ноќе. Еден од нив не препорачува да го делите истиот кревет со домашните миленици, обично мачки и кучиња. Дури и оние кои редовно посетуваат салони за миленичиња носат многу бактерии во крзното, а некои извори наведуваат дека некои од нив можат да предизвикаат бубонска чума – најпозната форма на чума. Статистичките податоци покажуваат дека помеѓу 1977 и 1998 година имало 23 случаи на инфекција со оваа смртоносна болест пренесена од домашни мачки.

Лицето го миете со сапун

Многу луѓе сè уште мислат дека миењето на лицето со сапун е најдоброто нешто што можат да го направат за него. Сепак, тие грешат. Во реалноста, сапунот ги заглавува порите и предизвикува пукнатини на кожата, а дерматолозите постојано потенцираат дека не е наменет за миење на лицето. Кога го користите, ја уништувате заштитната бариера на површината на кожата и ја нарушувате нејзината pH вредност.

Прочитајте и: Шампоните што ја содржат оваа состојка може да предизвикаат сувост и опаѓање на бојата на косата

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.