Овие 6 јадења се највкусни кога ги приготвувате на путер: Но постојат и оброци што путерот ќе ги уништи!

Прочитајте!

Дознајте во кои случаи треба да употребувате путер, а во кои не

Путерот на многумина им е омилена мачканица, но и дел од рецептите за колачи и теста.

Богатиот вкус што им го дава на некои јадења е незаменлив. Меѓутоа, во некои рецепти не функционира. Па затоа, ви откриваме во кои јадења треба да го користите, а во кои никако не смеете.

Колачи

Путерот секогаш е одличен избор за приготвување колачи. Неговиот вкус во устата дава чувство на богат и раскошен десерт. Десертите приготвени со маргарин имаат полесна текстура, благодарение на поголемата количина на вода, а и вкусот е поинаков.

Сосови

Француската кујна подразбира додавање парчиња ладен путер во сосот или супата пред крајот на готвењето. На тој начин, секое јадење добива богат вкус со малку труд. Пробајте и сами кога ќе правите доматен сос. Прво ќе ви се чини дека тие две намирници не одат заедно, но резултатот е божествен.

Лиснато тесто

Совршеноста на лиснатото тестото се должи исклучиво на путерот. Путерот во најголем дел се состои од маснотии, но содржи и малку вода. Ако е ладен кога ќе се стави во рерна, водата брзо ќе создава пареа што ќе остане заробена во тестото, поради што се добива воздушест и мек кроасан или колач. Задолжително треба да се олади лиснатото тесто пред печење.

Крем за украсување торти

Кремот за украсување се прави од путер и готов е за само 10 минути.

Состојки:
  • 125 г омекнат путер (но не растопен!)
  • 200 г шеќер во прав
  • 3 лажици млеко
Приготвување:
  • Изматете путер и шеќер, па додајте млеко и матете уште малку.

Кафеав прелив

Загрејте путер во тавче на средна температура додека добие кафеава боја.

Овој кафеав прелив можете да го прелиете врз равиоли или варен зеленчук, а ако во него пропржите презла, ќе добиете уште побогат додаток.

Ова се јадењата што никако не би требало да ги приготвувате со путер…

Пржено месо

Секој вид маснотија на одредена температура почнува да гори и чади. Во случајот со путерот, таа температура е релативно ниска, така што подобро е да употребите друга маснотија ако пржите свински котлети, телешки стек или пилешко бело месо.

Тортили

Ако сами печете тортили, би требало да имате свинска маст. Доколку се обидете да ги приготвите со путер, водата што тој ја содржи ќе расипе се’. Маста има совршена конзистенција и неутрален вкус, па тортилите ќе бидат совршени.

Печени компири

Никако немојте да печете компири на путер, бидејќи ќе бидат кашести и без цврста коричка. Маслото е добра варијанта во овој случај, бидејќи ја дава посакуваната крцкавост.

ФОТО: Pixabay

Кога сме кај путерот, зошто да не ги пробате овие дански колачиња од путер готови за најкратко време!?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.