Дански колачиња од путер готови за најкратко време: Ништо не оди поубаво со чај и кафе!

Ќе ги снема за секунда!

Дански колачиња за секој ден

Состојки:
  • 200 грама брашно
  • 120 грама путер
  • 80-100 грама шеќер во прав, плус за валање
  • 2 ванилини шеќери
  • малку прашок за печиво
  • 1 јајце
Приготвување:

Во подлабок сад ставете го брашното со прашокот за печиво, стопениот путер, јајцето, шеќерот во прав и 1 ванилин шеќер. Замесете меко тесто.

Ставете го тестото во шприц за тулумби и истискајте мали колачиња во плех обложен со хартија за печење. Печете на 180 степени околу 15 минути.

Извалајте ги печените колачиња во шеќер во прав измешан со ванилин шеќер.

Уживајте во меките дански колачиња!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.