Овие 5 работи никако не им ги подарувајте на драгите луѓе за Нова година: Привлекуваат несреќа и беда!

Внимавајте

Според суеверијата, никако не би требало да ги подарувате овие работи

Кога ќе купувате подароци за саканите, не заборавајте дека постојат работи за кои се верува дека не би требало да ги подарувате, бидејќи привлекуваат негативна енергија и неуспех во животот на оној кому му ги давате. Еве за што се работи…

1. Остри предмети

Ножиците, ножевите и другите остри предмети привлекуваат негативна енергија како магнет. Можете да си ги купувате за себе, но не како подарок за други.

2. Огледало

Се верува дека во огледалата има заробена магија и дека поради тоа не треба да ги купувате како подарок. Наводно, подарените огледала носат неволји во животот на оној што ќе ги добие.

3. Часовник

Според народното верување, ако се случи часовникот да застане, тоа може да донесе несреќа. Најдобро би било да го одбегнувате овој подарок.

4. Паричник

Можете да подарите паричник, но важно е тој да не биде празен. Во тој случај, оној кому ќе му го подарите, секогаш ќе има проблеми со пари.

5. Садови

Ако сакате некому да му подарите тенџере или шолји, во секој сад ставете по една паричка. Празните садови носат сиромаштија.

Лични работи што не треба да му ги подарувате никому: Ќе ви донесат несреќа и вам и на другите!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.