Лични работи што не треба да му ги подарувате никому: Ќе ви донесат несреќа и вам и на другите!

Народно верување

Постојат работи што не се прифаќаат како подарок, бидејќи се лош предзнак

Според легендите, ваквите подароци најавуваат само несреќа. Не се сите луѓе суеверни и не обрнуваат внимание на овие детали, па затоа можете да добиете подароци што носат лоша енергија.

Најдобро е да се воздржите од подарувањето вакви работи, но и од нивното прифаќање како подарок…

1. Огледало

Постојат многу различни мистични приказни и верувања поврзани со огледала. Се верува дека тоа е прозорец кон световите со мрачни сили, преполни со ужасни суштества желни за зло. Лош знак е ако се скршат, бидејќи тоа значи дека злото што се наоѓа од другата страна, ќе дојде во нашиот свет.

2. Папучи

Папучите се поврзуваат со ритуалот на закопување мртви. Особено чувствителните лица можат да го сфатат овој подарок како лош знак. Во најдобар случај, личноста на која ѝ подарувате папучи може да се навреди.

3. Пешкир

Како и папучите, пешкирот асоцира на погребни потрепштини.

4. Нож и други остри предмети

Сите тие привлекуваат негативна енергија, па конфликтите и скандалите доаѓаат заедно со нив во домот.

5. Керамички фигури и препарирани птици

Според легендите, птицата што ќе влета во стан предвидува нечија смрт или голема несреќа. Од таа причина, дури и ни прекрасните фигури на птици не се пожелни. Се сметаат за лош знак.

6. Часовник

Во арапскиот свет, овој подарок се смета за покана за погреб. Европејците веруваат дека часовникот ќе доведе до неуспех кај биолошкиот часовник. Па затоа, не им подарувајте часовник на драгите личности.

7. Празен паричник

Подарувањето паричник не е забрането. Но внатре мора да има пари од каква било вредност. Во спротивно, празниот паричник ќе остане таков уште долго време.

Немојте да дарувате вакви предмети. Многу потешко е ако добиете ваков подарок, бидејќи непријатно е да го одбиете, особено од личност што ве сака и ја сакате.

За да ја одбегнете несреќата што ја носат ваквите подароци, пожелно е да го направите следново…

1. Потопете го подарокот во сол, па ставете го во пластична кеса и оставете го така прекуноќ. Наутро би требало да исчезне сета негативна енергија.

2. Подарокот провлечете го над запалена свеќа.

Ако сепак добиете некој од овие подароци, сетете се на изреката „На подарениот коњ, не му се гледаат забите“. Прифатете го со насмевка и помислете дека од добра личност не може да се добие лош и негативен подарок.

Овие подароци веднаш треба да ги фрлите: Немојте воопшто да ги чувате во домот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.