Краткиот попладневен одмор е сè што ви треба ако се чувствувате раздразливо

За повеќе енергија

Ако се чувствувате исцрпено и нервозно среде денот, краткиот одмор е сè што ви треба. Докажано е дека неколку попладневни дремки во текот на неделата може да бидат добри за вашето долгорочно здравје, но не секој попладневен одмор е добар, особено не ако се обидете да надополнете премалку спиење во текот на ноќта.

Треба да се одморите 20-30 минути

„Краткиот сон од 20 до 30 минути е здрава алтернатива за пиење кафе“, вели Алекс Димитриу, психијатар и основач на Клиниката за психијатрија и спиење „Менло Парк”. Оваа кратка пауза ќе го подобри вашето расположение, меморија и мотивација. Ова го тврди не само Алекс, туку и една студија од 2016 година, која покажа дека пауза од 10 минути само ја иритира личноста уште повеќе и ја прави нервозна, додека онаа од 30 минути придонесува за подобро расположение.

Спиењето премногу долго попладне или премногу доцна може да ви го наруши квалитетот на сонот во текот на ноќта. Можеби се чувствувате подобро во моментот, но кога треба да спиете, не можете да заспиете. Исто така, ако спиете повеќе од половина час, ќе се чувствувате многу уморни и ќе ви биде тешко да дојдете при себе кога ќе се разбудите. Ова се нарекува инерција на спиење.

„Инерцијата на спиењето се случува затоа што по половина час сонот се продлабочува и потешко е да се разбудите“, вели Алекс. Ако, од друга страна, се чувствувате поспано скоро секое попладне, можеби ќе треба да работите на вашиот сон во текот на ноќта, бидејќи очигледно не спиете доволно или сонот не е со добар квалитет. „Спиењето во попладневните часови треба да биде исклучок, а не навика или правило. Фокусирајте се на седум до осум часа спиење навечер“.

Како може попладневниот одмор да биде со добар квалитет?

Исклучете ги известувањата на вашиот мобилен телефон и одморете попладне до 15 часот, не после тоа. Обезбедете мирна, тивка и пријатна атмосфера. Затемнете ја просторијата колку што можете повеќе и одржувајте ја температурата удобна, не премногу топла. Исклучете ги сите уреди што создаваат бучава. Ако воопшто не можете да спиете, одете на прошетка или пронајдете нешто што ви го зголемува енергетското ниво.

Не потпирајте се на одмор во текот на денот, туку обидете се да спиете колку што ви треба секоја вечер. Ако веќе го правите ова и сè уште се чувствувате уморни во текот на денот, консултирајте се со вашиот лекар.

Прочитајте и: Мирен сон: Како полесно да заспиете?

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.