Колку долго може да стои меленото месо во ладилник? Еве колку дена може да се јаде откако ќе се зготви

Совет

Многу домаќинки сакаат при рака да имаат мелено месо – со нив секогаш ќе биде лесно да се направи ручек, мусака, лазањи, шпагети болоњезе, ќебапи..

Има безбројни специјалитети, затоа често го чуваме во фрижидер или замрзнувач, но колку време треба да стои кога е сирово, а колку кога е зготвено?

Пред се, кога купувате сирово мелено месо неопходно е да го одложите во фрижидер или замрзнувач што е можно побрзо. Тоа ќе ја чува свежината и ќе го успори растот на бактериите. Доколку месото брзо го искористите, можете да го одложите во оригинално, купечко пакување.

Ако го ставате месото во фрижидер потребно е да го чувате на температура од 4.4 С, или пониска, а употребете го во рок од еден или намногу два дена, посочуваат од Американската организација за контрола и сигурност за храна (USDA).

Ако сакате да го чувате месото подолго време во замрзнувач, завиткајте го во пластична кујнска фолија, алуминиумска фолија или специјални вакумирани кеси и специјализирани кеси за замрзнување. Замрзнатото мелено месо е безбедно за неодредено користење, но имајте на ум дека колку подолго стои, толку повеќе го губи својот квалитет. Најдобро е ако го користите во рок од четири месеци.

Најдобар начин за безбедно одмрзнување на меленото месо е во фрижидер. Одржувањето на месото ладно додека се одмрзнува е од суштинско значење за да се спречи растот на бактериите. Можете исто така да го одмрзнете месото во ладна вода така што ќе го ставите во вакум кеса која не пропушта вода и потоа ќе го потопите. Водата менувајте ја на секои 30 минути, а потоа веднаш зовријте или загрејте ја. Меленото месо што сте го одмрзнале во ладна вода или во микробранова печка не треба повторно да се замрзнува, освен ако не е термички обработено.

Исто така, имајте на ум дека меленото месо не треба да стои на собна температура повеќе од два часа!

Кога станува збор за чување на приготвеното мелено месо, тоа може да се чува во фрижидер три до четири дена, но само ако се стави во фрижидер по подготовката и во рок од еден час. Кога подгревате специјалитети од мелено месо – ќофтиња, плескавици, ќебапи и храна што содржи мелено месо воопшто, погрижете се температурата на обработка да достигне најмалку 74 ° C, советува USDA.

Замрзнатото мелено месо ќе го зачува својот квалитет четири месеци.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.