Лидија Вукичевиќ (60) со години има исти број на килограми: Никогаш не оди во теретана и вака го обликува згодното тело

Животот на познатите

Лидија Вукичевиќ со години има исто број килограми, а еве како се снаоѓа!

За актерката Лидија Вукичевиќ времето како да не застанува. Неодамна го прослави својот јубилеен 60-ти роденден, а коментарите дека никогаш не била поубава само продолжуваат. Потоа таа истакна дека најважна работа за добар изглед и дух е енергијата што ја испуштате. Оваа исклучително атрактивна и секси дама не се колеба да го покаже своето жешко тело, а често објавува провокативни слики на Инстаграм.

Сепак, Лидија смета дека за нејзиниот младешки изглед најзаслужни се добрата генетика, како и долготрајната нега. Покрај тоа, актерката редовно се грижи и за исхраната.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lidija Vukićević (@vukiceviclidija)

Но, на изненадување на многумина, таа призна дека воопшто не оди во теретана, туку ги зајакнува мускулите со домашните работи.

„Често ме прашуваат како ја одржувам истата тежина со години. Ќе бидам апсолутно искрена: генетиката е секако важна, но ако не се грижите за себе, пред се психички, тогаш присутно е и физичкото незадоволство. Значи, треба да знаете што сакате од себе и на кој начин. Не одам во теретана, немам жена која ми ја чисти куќата, па салата ја заменив со сериозна физичка работа каде ги активирам сите мускули“, беше јасна актерката.

Таа сама одлучила како ќе изгледа менито, а во куќата никогаш немала вага. Од друга страна, таа подвлече дека најважна работа за ментална и физичка трансформација е решителноста, упорноста и истрајноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lidija Vukićević (@vukiceviclidija)

„Листата за исхрана ја направив сама, бидејќи се држам до таа шекспировска реченица „Секој организам е градина во која ние сме градинари“. Никогаш не сум имала вага за мерење во домот, гардеробата е сосема доволна за да одредиш дали си качил или изгубил некој килограм“, вели Лидија.

Посебно нагласила дека многу оди, а како најважно го издвоила тоа што живее исклучиво по свои правила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lidija Vukićević (@vukiceviclidija)

„Многу шетам со моите животни и пред се го зедов животот во свои раце. Со години живеам исклучиво по мои правила, без да се навраќам на другите“, заклучила актерката.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.