Вистинско уживање за оваа есен: Рецепт за сладок леб од тиква

Рецепт

Тешко е да се победи слатката разновидност на лебoви што можете да ги купите во вашата омилена пекара.

Се чини дека пекарите ја имаат таа една мала тајна состојка во ракавот што не можете баш да ја добиете кога се обидувате да направите нешто слично дома. Сепак, дали некогаш сте се обиделе да измешате тиква во целата приказна? Ако не сте, ова е совршена прилика, затоа што ви носиме рецепт за сладок леб од тиква базиран на француско пециво бриош, кое е толку воздушесто и меко што е невозможно да се одолее.

Потребно:

2 и пол чаши брашно

1/3 чаша светло-кафеав шеќер

2 лажички инстант квасец

½ лажичка ситна морска сол

1 јајце

1 жолчка од јајце

¾ чаша пире од тиква

¼ чаша млеко

10 лажици путер, собна температура

измешајте јајца и вода

шеќер за посипување

Подготовка:

Со помош на електричен миксер, измешајте ги брашното, кафеавиот шеќер, квасецот, солта, јајцата, тиквата и млекото. Матете на средна брзина 2 минути, а потоа зголемете на поголема брзина уште 5 минути. Додека миксерот работи, додадете 1 лажица путер. Потребно е да се добие мазно и лепливо тесто. Тестото префрлете го во подмачкан сад и покријте го со пластична фолија. Оставете го да нарасне на топло место 1 час, а потоа оставете го во фрижидер преку ноќ.

Следниот ден извадете го тестото од фрижидер и намачкајте го калапот со нелеплив спреј. Поделете го тестото на 16 еднакви делови и секој обликувајте го во топка на малку набрашнета површина. Во два реда ставете ги топчињата од тестото на плехот. Покријте повторно со пластична фолија и оставете на топло место околу 2 часа.

Кога тестото ќе нарасне доволно, премачкајте го со мешавина од јајца и вода и одозгора посипете шеќер. Ставете во загреана рерна и печете околу 35 минути. Оладете најмалку 10 минути, а потоа извадете го од калапот и послужете по желба.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.