Како да го изберете вистинскиот градник?

ФОТО: Pixabay

Ги носиме скоро цел живот, а сепак, ретко успеваме да го избереме оној што не не боли и совршено ни одговара.

Не е секогаш лесно да се избере градник кој совршено одговара на големината на градите и обемот на телото, но оваа мисија не е невозможна.

Откриваме што да барате при купување на идеален градник.

Како да најдете совршен градник?

Не плашете се да експериментирате со големини

Во зависност од самиот модел, зависи и од тоа која големина ќе ви одговара. На пример, големината на горниот дел најверојатно нема да биде иста како при избор на градник со корпи. Затоа, обрнете внимание на тоа како одреден градник одговара на вашето тело.

Градник со или без жици

Колку и да сакатее градници со жици, сепак оние со гума се многу подобра опција. Тие обезбедуваат подобра поддршка за градите и секако се поудобни.

Проверка на удобност

Откако пробавте градник, кренете ги рацете. Кошевите не треба да се движат, а ако тоа се случи, вашиот градник е мал.

Ако ве стисне од задниот дел на градникот (каде што се прицврстува) или нема простор на прстите во делот каде што се зацврстува градникот, имате погрешна големина. Градникот треба да одговара на обемот на грбот, а задниот дел треба да стои во средината на грбот, веднаш зад лопатките.

Ако паѓаат прерамките, корпите се премногу големи, а ако ве пресечуваат, тогаш тие се премногу мали.

Ако корпите се совпаѓаат со големината на градите, а прерамките, на пример, паѓаат, секогаш можете да ги скратите.

Најважно е како се чувствувате и дали градникот ви е удобен.

Како да се измери големината на градникот

Идеален градник е во повеќето случаи збир на обемот на градите и грбот. Погледнете подолу на видеото како да ја измерите големината на градникот.

Прочитајте и: Комарците се тука, еве како да уживате без нив

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.