Јапонските мудреци знаат: Еве зошто повеќето луѓе не постигнуваат ништо во животот!

Совети вредни злато

Фото: Pixabay

Дознајте како да остварите се’ што ќе зацртате

Јапонија е лулка на светската филозофија и земја позната по своите мудреци од кои бараат совети луѓе од сите краеви на светот.

Копнежот по среќа и животен успех е во човечката природа, па едно од прашањата што луѓето најчесто им го поставуваат на јапонските мудреци е токму тоа: Како да ги остварам своите соништа?

Сите сакаме да успееме, на пример, во работата, но не успеваат сите. Многумина во текот на целиот свој живот не успеваат да остварат ништо, дури и ако повеќето од нив имаат добро образование и си ја сакаат работата. Сепак, длабоко во душата имаат чувство дека нешто недостига.

Светот околу нас престанал да ни носи задоволство. И покрај тоа што се’ изгледа добро,  животот ни се чини празен и бесмислен. Како да се вртиме во круг без крај.

Која е причината за ваквото незадоволство и чувство на празнина?

Во јапонската култура постои мантра што всушност се смета за начин на живот и гласи: Почувствувај го ритамот на светот и следи го.

Ја напишал познатиот јапонски стратег, мечувач и филозоф Мијамото Мусаши во една од своите книги. Тој бил сигурен дека се ‘ во животот има свој специфичен ритам и дека главната гаранција за успех е способноста да се адаптираш на него. Со други зборови, да бидеш способен да го „фатиш“ ритамот.

Јапонските мудреци велат дека оној што сака да биде успешен, не смее да се плаши од големата, непозната моќ што владее со нашиот свет. Нам не ни е дозволено да го менуваме тоа и никој од нас нема право да ги диктира законите на Универзумот. Единственото нешто што можеме да го направиме да научиме да се прилагодиме на околностите, а потоа да извлечеме некоја придобивка од нив.

Сепак, не е доволно само „да го фатите ритамот на светот“. Треба да се концентрирате на постигнувањето на главната цел и да научите како да не им дозволите на неважните ситници да ви го одвлекуваат вниманието. Тие всушност се главната пречка за успехот.

Ако постојано трошите енергија на неважни (и туѓи) работи, никогаш нема да постигнете ништо. Порано или подоцна ќе сфатите дека животот ви поминал, а не сте направиле ништо.

Неважните прашања толку често ни ја крадат енергијата и не’ принудуваат да ја трошиме залудно, исто како и нашето време. Не смеете да го дозволите тоа, бидејќи во спротивно можете да заборавите на целите и на совршенството во што било.

Секако дека сечиј живот е полн со банални проблеми што мора да бидат решени, но треба да бидете способни да ги решите, без притоа да скршнете од главната патека. Дури и ако некој со сите сили се обидува да ве одвлече од неа!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.