Еве кога ќе ја запознаете својата љубов во 2020 година: Прецизен хороскоп за секој знак!

Астро-прогноза

За оние што бараат љубов…

Овен

Кога е љубовта во прашања: не брзајте! Добро размислете кого барате и каква личност ви треба. Во 2019 година се развивавте на лично ниво. Повеќепати се обидувавте да сфатите зошто не сте ја нашле љубовта на својот живот, и ако сте имале врска, зошто не сте можеле да ја задржите. Една од главните причини зошто не ви успеа врската е тоа што не сте одбирале внимателно, туку сте влетале во врската со ставот „дај што било“.

2020 година е време кога морате да го промените пристапот на избор на партнер. Одвојте време и добро размислете за стапувањето во врска со одредена личност. Не брзајте да се вљубите – ќе има време. Дајте си себеси доволно време за да увидите дали личноста има квалитети за да ви биде партнер.

Бик

Конечно, време е за нов почеток! Минатата година бркавте духови. Немојте и оваа година да ја повторите грешката. Ослободете се од минатото и ќе се чувствувате многу подобро. Нека ви се случи животот. Во 2019 година минавте низ многу болка и страдање, но сега дојде крајот на тоа. Меѓутоа, не заборавајте дека не се сите луѓе исти. Се случуваат добри и лоши работи. Ако во минатото сте налетувале на зли и отровни луѓе, не значи дека сите се такви. Во 2020 година мора да почнете од почеток и ќе бидете пријатно изненадени од убавите работи што ве очекуваат.

Близнаци

Пронајдете се себеси и ќе си најдете сродна душа. Грешките што ги направивте минатата година, се случија зашто не се сакавте себеси. Време е да се засакате себеси. Верувајте дека тоа ќе ви заштеди многу енергија и емоции. Конечно ќе дојдете до тоа што навистина го сакате. Ова е клучот за среќата оваа година.

Рак

Прифатете го вашето минато и верувајте во сегашноста. Минатата година многу време потрошивте размислувајќи за минатото. Сегашноста е многу поважна. Веќе сте на патот кон новата љубов. Таа е многу близу, иако ништо не укажува на тоа. Не мора ни да верувате во тоа, кога личноста ќе се појави во вашиот живот, веднаш ќе почувствувате.

Лав

Признајте си ја вистината, иако боли. Престанете да ја разубавувате реалноста. Минатата година никако не можевте да признаете каква е личноста со која сте во врска. Слепата љубов едноставно е глупава љубов. Во 2020 признајте си ја вистината. Проблемот нема да исчезне. Ако си признаете дека не можете повеќе да останете во врска со личност што не ви одговара, ќе ви се случат убави работи.

Девица

Верувајте дека се’ има своја причина и ќе се случи чудо. Девицата во 2019 година се водеше според цврста логика, без спонтаност. Меѓутоа, доста е од тоа! Обидете се да бидете помалку строги кон себе во 2020 година. Некогаш работите не се случуваат онака како што сте сакале, но се случуваат онака како што би требало.

Терезија

Во 2020 година време е да почнете да се цените себеси и да не губите време на оние што не вредат. Минатата година потрошивте премногу емоции на оние што не го заслужуваат вашето внимание. И премногу време за да го спасите она што одамна се уништило и исчезнало. Запомнете, за врска се потребни двајца. Не можете да носите товар и за себе и за партнерот. Заслужувате повеќе од непрестајна борба.

Скорпија

Дајте и’ шанса на љубовта и ќе најдете среќа. 2019 година ја поминавте бегајќи од љубовта. Можеби се исплашивте од одговорности и обврски. Сега тоа не е важно. Обидете се оваа година да бидете похрабри и да ја пуштите љубовта во својот живот. Време е да го отворите вашето срце.

Стрелец

Љубовта сигурно доаѓа. Минатата година толку сакавте да бидете вљубени што заборавивте на другите важни работи. Сопрете се. Направете пауза. Љубовта сигурно доаѓа, затоа не брзајте. Почекајте – ќе биде подобро.

Јарец

Време е да бидете тоа што сте. Минатата година премногу се грижевте за тоа што другите мислат за вас и тоа ве измори. Запомнете: оние што искрено ве сакаат, ве сакаат токму такви какви што сте. Оваа година ќе ја сретнете љубовта на вашиот живот, но само тогаш кога ќе си дозволите себеси да бидете тоа што сте.

Водолија

Ако нешто ви изгледа правилно, направете го тоа. Минатата година многу меревте, размислувавте, но време е да измерите. Ако нешто ви се чини сосема во ред, тогаш не размислувајте – сторете го тоа. Послушајте ја вашата интуиција. Исто така, обидете се да работите на себе. Најдете ново хоби. Љубовта ќе се појави тогаш кога најмалку очекувате.

Риби

Погледнете во себе. Обидете се да ги засакате луѓето. Сонувањето е сосема во ред, но друштвото на луѓето е многу поважно. Научете да ги сакате луѓето онакви какви што навистина се. Обидете се да најдете нешто убаво во нив. Ако научите да ги сакате луѓето на таков начин, ќе најдете партнер за себе.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.