Исчистете го домот на овој начин и никогаш веќе нема да имате неред: Метод на Мари Кондо

Одличен совет

Време е за детално чистење на домот

Јапонката Мари Кондо направила вистинска револуција во чистењето. Нејзиниот метод влијаел врз животот на многу жени, на тој начин што им го сменил односот кон чистењето и редот во домот. Овој метод ќе ви овозможи да направите неверојатни трансформации: собите што некогаш биле покриени со играчки, книги и предмети, сега се испразнети, подовите што некогаш биле натрупани со купишта облека, повторно се празни…

Ако сакате да го исчистите својот простор и да се ослободите од вишокот работи, мора да ги одбегнете овие 4 грешки…

1. Чистењето го доживуваме како рутина

Мари Кондо советува да спроведете „насочено чистење“, при кое, сета енергија ќе ја посветите на чистењето на домот, додека работата биде завршена. Мари Кондо советува денес, на пример, да ја чистите кујната и целосно да се посветите на таа задача. Немојте да прескокнувате ниту една ситница. За да се чувствувате попријатно, пуштете си музика и замислете си како ќе уживате кога просторот ќе ви биде сосема чист и ослободен од вишокот работи.

2. Ги чувате дома непотребните работи подолго време

Мари Кондо предлага да не се врзувате за предмети. Предметите и облеката што не сте ги користеле подолго време, донирајте ги во црвен крст или некому кому му е потребно. Потоа, она што не може да се донира или подари, едноставно фрлете го. Спомените се чуваат во глава.

3. Фрлате работи, а не се заблагодарувате

Кондо има една теорија: неопходно е да им се заблагодарите на предметите пред да ги фрлите. Така ќе сфатите дека тоа што го имате не е краткотрајно, дека секој од тие предмети ве научил нешто во животот. Убаво збогувајте се од работите што ги фрлате.

4. Сами чистите

Ако домот го делите со сопругот и децата, свекорот или свекрвата, задолжително чистете го со заеднички сили. Како што вели Мери Кондо: „Вие живеете заедно, така што секој од вас ќе допринесе за чистење на домот.“

Кондо смета дека обврска на секоја мајка е да ги воспита децата така што ќе го почитуваат чистиот дом, бидејќи чистиот дом значи чист живот, без оптоварувања.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.