ВАКА се однесувате кога сте ОДБИЕНИ: Според вашиот хороскопски знак!

Кој тоне во солзи, кој подготвува одмазда?

Овен

Лесно ви стануваат работите здодевни, па и брзо ги надминувате. Исто е и со одбивањето. Најчесто се правите дека не ви е важно што некој ве одбива или запоставува, но вие веднаш се упатувате кон теретаната за да работите на себе, да изгледате подобро од кога било и да ѝ докажете на таа личност што изгубила. Веднаш пронаоѓате нова забава.

Бик

Вие сте хедонисти по природа и одбивањето ќе се обидете да го „излечите“ со материјални работи. Утеха барате во шопингот и во луксузот. Патување или нов автомобил? Зошто да не!

Близнаци

Вие ќе се преправате дека одбивањето не се случило и на моменти дури и можеби ќе си поверувате во тоа. Имате силна психа и се водите од мотото дека колку помалку мислите на тоа, толку помалку ќе влијае врз вас.

Рак

Вие сте многу чувствителни и сакате сигурност, па можно е дури да се грижите за личноста која ве одбила, што е сосема несоодветно. Тоа е како шефот кој ве одбил за унапредување, а за кој работите напорно и вредно 5 години, да го прашате дали сака да му донесете кафе.

Лав

„Ох ми раскинуваш? Фала му на бог, баш сакав да ти раскинам“ – вие сте ваков тип на човек. Најважно ви е да ја задржите гордоста и да го заштитите вашето его. Тешко поднесувате одбивање и сакате моќта да биде во ваши раце.

Девица

Познати сте како личност што е опседната со контрола, па кога ќе доживеете одбивање се фокусирате на рутините и на вашиот распоред, па закрепнувате така што го средувате домот или правите реорганизација на работното место.

Терезија

Одбивање од каков било тип е шок за вас, затоа што ви го нарушува мирот и хармонијата. Ќе го пребродите така што веднаш ќе се пуштите во флерт или ќе поставите заводливи фотки од вас на Инстаграм за да добиете комплименти и да ја зајакнете самодовербата.

Скорпија

Одбивањето ќе го прифатите тивко, затоа што не сакате другите луѓе да дознаат, но веднаш ќе почнете со планирањето на одмазда. Вие ќе држите лутина долго и никогаш нема да го заборавите нанесеното зло.

Стрелец

Вие сте забавни, ведри, авантуристички настроени, но имате и мрачна страна и лош темперамент. Кога сте соочени со одбивање прво зборувате, а дури потоа размислувате и тогаш летаат остри зборови и обвинувања.

Јарец

Кога станува збор за прифаќање на одбивањата, вие сте најзрелиот хороскопски знак. Го прифаќате одбиањето, се фокусирате на духовиот раст и сакате да покажете дека тоа што ве одбиле бил погрешен избор, но сега ќе мора да ги сносат последиците.

Водолија

Вие чудно ги прифаќате одбивањата. Прво не сте свесни зошто ве одбиле, а потоа се однесувате несоодветно, односно по неколку дена може да ѝ пратите порака на личноста за да се дружите како да сте пријатели или како ништо да не се случило меѓу вас.

Риби

Вие сте многу чувствителни и одбивањето го прифаќате со многу, многу солзи. Ќе гледате тажни филмови, ќе се затворите дома и нема да ги прифатите молбите од пријателите да продолжите понатаму. Ќе ви треба многу време.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.