Ќе ве „зарази“ од прво слушање: Младата Сара Гигова со нова песна – „Ранливи“ (ВИДЕО)

Одлична!

Foto: Instagram

По одличната „Ладно лето“ која ја објави пред неколку месеци, младата и талентирана пејачка Сара Гигова овојпат ја објавува новата тема со наслов „Ранливи“.

Станува збор за одлична балада која влегува во уво уште на прво слушање, а како за претходната, така и за оваа како автори се потпишува братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Ена Цветкоски.

Младата Сара која важи за еден од поголемите таленти кои се појавиле на нашата музичка сцена во последно време, вели дека многу верува во оваа песна.

„Со нетрпение го очекував овој ден, бидејќи ја обожавам песната. Да бидам искрена неколку мои најблиски веќе многу поодамна ја слушнаа „Ранливи“ и морам да признаам дека ме израдуваа нивните први реакции. Се надевам дека јас, Лазар и Ена сме направиле песна која ќе допре до многумина“ – вели младата Гигова.

Гигова и за оваа песна за видеоприказната соработуваше со режисерот Ѓорѓи Вацев, а истиот беше снимен во хотелот Хилтон, но и неколку локации во близина на нашиот главен град. Покрај Сара, во спотот се појавува и моделот Христијан Стојаноски.

Инаку Сара вели дека нема толку долго да чека до следната песна, бидејќи како што изјави, таа веќе размислува каде ќе бидат локациите за следниот спот.

Дотогаш, уживајте во „Ранливи“ и доколку ви се допаѓа, споделете, лајкнете и поддржете македонски артисти…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.