Жените со најдобар стил се раѓаат во овој хороскопски знак: Совршен спој на елеганција и едноставност!

Најдобро облечени

Претпочитаат елеганција и софистицираност во секој момент, но понекогаш одбираат и модерни модни парчиња

Терезиите имаат беспрекорен стил на облекување! Плакарот на овој хороскопски знак е полн со разновидни модни парчиња кои воодушевуваат со нивната софистицираност и едноставност.

Носат неутрална гардероба со едноставен крој создадена за сите пригоди, но и гламурозни вечерни тоалети со светки. Знаат да балансираат помеѓу најновите трендови и класичниот стил, па токму тоа ги издвојува од останатите.

Терезиите секогаш знаат кога треба да се вклопат во околината, а кога треба да блеснат во полн сјај. Во согласност со тоа ги одбираат модните комбинации.

Сопственички се на модни парчиња, на кои им се верни без оглед на сè. Се водат според тоа дека квалитетот е поважен од квантитетот и така го одбираат стајлингот.

Секогаш попрво ќе си дозволат едно подобро и поквалитетно модно парче што можат да го носат со години отколку облека што е во тренд во моментот.

Беж палто, струкиран блејзер, некоја омилена кошула или фустан, се парчињата што Терезијата најчесто ги носи.

Во нивниот плакар најретко ќе најдете лежерна спортска облека, бидејќи тоа најмалку го сакаат.

Од друга страна, големи љубители се на сите нијанси на сина и виолетова боја. Знаат одлично да балансираат помеѓу строгите кроеви и лежерните модели.

Терезиите најчесто одат во шопинг наменски и секогаш точно знаат што сакаат. Не им треба ничија помош при купувањето.

Одличен претставник на овој хороскопски знак е оскаровката Гвинет Палтроу.

Таа во 2002 година сите ги изненадила со изборот на црн фустан на Александар Меквин, со која сакала да остави малку панк печат на доделувањето.

Десет години подоцна заблескала во бела креација на Том Форд која се истакнала токму поради својата едноставност.

Тајните секси особини на хороскопските знаци: Ракот е непредвидлив, а Скорпијата експерт за заведување!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.