Што треба да знаете за припадниците на хороскопскиот знак Терезија?

Астролозите откриваат

Тие се исклучително софистицирани, со нежна природа и изглед, умерен карактер и дипломатски став.

Луѓето родени во седмиот хороскопски знак Терезија се тука да ни донесат рамнотежа и хармонија во животот.

Терезијата е знак што ги претставува сите меѓучовечки односи, особено партнерството, и постои за да се помират разликите меѓу луѓето. Тие се исклучително софистицирани, со нежна природа и изглед, умерен карактер и дипломатски став. Не сакаат да се спротивставуваат, ниту пак влегуваат во отворен конфликт.

Нивните доблести се договорите и помирувањето на завојуваните страни. Многу се социјални, со високоразвиени социјални вештини и интелигенција. Нивната слабост е неодлучноста, но тоа не е долгорочен процес,

Потребно им е само да го слушнат мислењето на личноста на која ѝ веруваат за да донесат одлука. Бидејќи планетата на убавината е нивниот владетел, тоа се луѓе што сакаат удобност и луксуз. Исто така, не разговарајте со нив со повишен тон, многу се чувствителни на тоа.

Привлекуваат партнери што се проактивни и доминантни, малку дури и сурови и генерално им одговараат сите огнени и воздушни знаци. Кога станува збор за професиите, терезиите често се присутни на сцената. Уметноста е нивна територија. Но често ги среќаваме и на полето на правото. Во однос на здравјето, најмногу проблеми им прави уринарниот тракт.

ШТО ИМ НОСИ МЕСЕЦОВ НА ТЕРЕЗИИТЕ?

Работа: Ќе се обидувате да ја задржите контролата, но колку повеќе ќе се трудите, толку повеќе изненадувања ќе имате. Ќе мора да импровизирате. Љубов: Ако сте во врска или во брак, ќе летаат искри. Ако сте слободни, сега е одлично време да започнете нова романтична приказна. Здравје: Стабилно.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.