Освен што се неодлучни, еве што уште треба да знаете за Терезијата

Од 24 септември до 23 октомври на астролошката сцена стапнува хороскопскиот знак Терезија.

Терезиите се друштвени и шармантни, па лесно се поврзуваат со другите. Припадниците на овој знаксе познати по својата хармонична природа и стремеж кон рамнотежа. Во бизнисот тие се тимски играчи и преговарачи, додека во љубовта се стремат кон романса и хармонија.

Терезиите се одлични дипломати. Тие гравитираат кон работни места кои бараат решавање конфликти, преговарање и донесување одлуки бидејќи ги земаат предвид сите страни. Често се креативни и имаат дарба за уметност и дизајн, за естетика.

Во пријателствата се лојални и се стремат кон хармонични односи. Имаат тенденција да ги поддржуваат своите пријатели, да ги слушаат нивните проблеми и да им даваат совети. Знаат како да одржуваат рамнотежа помеѓу различните општествени кругови – често се фаворизирани поради нивната љубезност и способност да ги помират разликите.

Кога станува збор за љубовните врски, терезиите се романтични и внимателни. Отворено комуницираат со партнерот за да избегнат недоразбирања. Уживаат да планираат романтични состаноци и да покажуваат внимание преку мали гестови на љубов.

Понекогаш знаат да бидат несигурни. За нив е важно да се чувствуваат сакано и ценето. Во однос на здравјето, често се склони кон проблеми со бубрезите и уринарниот тракт. Склони се и на стрес поради потребата да одржуваат рамнотежа во сè, што може да влијае на нивната емоционална стабилност.

Терезиите треба да научат да поставуваат граници и да кажат „не“ за да ја зачуваат својата емотивна, но и физичка рамнотежа.

Текст: Хелена Цупаќ

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.