ОД ЛИЧНО ИСКУСТВО: Народни препарати што ја запреа деменцијата на баба ми

Нашата соработничка раскажува како со несебична помош на семејството својата баба успеала да ја спаси од деменција.

Деменцијата е заболување на нервниот систем проследено со постепено влошување на памтењето, а последично и со губење на говорот и на други ментални функции. Оваа болест нема пардон, но со правилна исхрана, која подразбира повеќе морска риба, и избрана терапија со лековити билки може да се одложи.

На мојата баба ѝ е поставена дијагноза почетен стадиум на старечка деменција. Порано беше многу активна, комуникативна и весела. Во почетокот не можев да верувам дека ѝ се случува сето тоа и многу се вознемирив.

Меѓутоа, одлучивме да не се откажуваме и да ѝ дадеме поддршка. За почетниот стадиум на деменција се карактеристични главоболки, можни се дури и повремени губења на свеста, а исто така се јавуваат и конвулзии во нозете.

Почнавме со тоа што за баба ми составивме распоред на дневните активности, за да продолжи максимално активно да учествува во животот што ја опкружува. Тука беа и прошетките и посетувањата на разни настани.

Многу разговаравме со неа за да ја наведеме на дискусија, барање решенија и давање совети, бидејќи се смета дека интелектуалната работа не дозволува да се развива деменцијата.

Исхраната речиси не моравме да ја менуваме. Баба ми јадеше малку и не претеруваше со внесување штетни производи. Во нејзиното мени додадовме само морска риба, богата со омега-3 масни киселини. Овие киселини не се произведуваат во организмот, туку се внесуваат само со храна.

Тие не се масти туку биолошки активни супстанции, кои имаат благотворно дејство на кардиоваскуларниот систем, крвните садови на мозокот и го лекуваат организмот во целост. Меѓутоа, најголема надеж имавме во лековитите билки.

* Во ваква ситуација многу е корисен квас од смрча. Иситнете свежи пупки и млади гранчиња од смрча и со нив наполнете трилитарска тегла до врвот. Суровината полејте ја со топла превриена вода во која претходно сте раствориле 100 г шеќер и половина лажиче свеж квасец. Врвот на теглата прекријте го, зацврстете го с ткаенина и оставете ја теглата на топло и темно место 14 дена за да ферментира смесата, повремено отстранувајќи ја пената. Трипати дневно треба да земате по 50 мл од овој квас, и тоа 20 минути пред јадење. Курата трае 30 дена, а годишно треба да се спроведуваат две кури.

* Одвар за стимулација на мозочната активност. Помешајте по една лажица иситнет корен од игирот, оман (лат. Inula helenium), глуварче, цикорија, срценица и обичен пелин. Две лажици од мешавината сипете во термос со половина литар врела вода, оставете да отстои осум часа, па исцедете. Пијте трипати дневно по 50 мл, по јадење.

* Тинктура против вртоглавица. Ако баба ми наутро се чувствуваше лошо, ѝ се вртеше во главата и ѝ скокаше притисокот, тогаш ѝ ја даваме оваа тинктура: три лажици суви бобинки од шимширка и две лажици суви плодови од глог прелејте со половина литар вотка и оставете да отстои десет дена. Земајте по едно лажиче во случај на непријатни чувства.

* Против грчеви во нозете. Три лажици суви листови од папрат прелејте со литар врела вода и варете пет минути. Долејте топла вода до потребната зафатнина, па потопете ги нозете.

Поминаа веќе неколку години откако деменцијата престана да се развива. Многу сме среќни што можевме да ѝ помогнеме на нашата баба.

Важно: информациите содржани во овој текст се исклучително информативни и не се замена за професионален медицински совет или третман. Секогаш побарајте совет од здравствен работник за сите прашања во врска со вашата здравствена состојба.

Текст: Ирина Гурјева, Тоболјск, Русија

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.