Петте најголеми манипулатори во зодијакот: Љубоморни и опасни, а еден е особено немилосрден!

Бегајте од нив!

Еве од кои хороскопски знаци треба да се чувате – тие се сурови манипулатори

Кога секој од овие 5 хороскопски знаци ќе се најде во непријатна ситуација, тој најверојатно ќе даде сè од себе за да ја изманипулира околината.

Некои се посуптилни од другите, но сепак, треба да се чувате од нив…

Скорпија

Скорпиите се недоверливи и мистериозни. Замислете си вашиот најдобар пријател, по долгогодишно пријателство, да најде причина да не ви верува. Скорпиите потајно ќе почнат да се дружат со други луѓе. На крајот, ќе се малтретирате прашувајќи се што сте направиле погрешно. Многу се љубоморни, одлични се и уверливи лидери. Вистински мајстори за манипулација се и тоа добро го знаат.

Рак

Раковите се длабоко интуитивни, што секако може да биде благослов. Меѓутоа, во некои случаи, тоа може да биде вашиот најлош ноќен кошмар. Многу се креативни и ќе ве обвинат за сценарија што никогаш не се случиле. Може да најдат причина да ве мразат поради нешто што сте им направиле кога сте имале пет години и лесно може да се уверат дека сè уште сте исти како тогаш.

Близнаци

Овој хороскопски знак е исклучително неодлучен, а таа неодлучност ја маскира донесувајќи сигурни одлуки. Меѓутоа, штом се свртите, веројатно ќе ве обвини за одлуките што самиот ги донел. Забавата е, всушност, најлошата атмосфера за Близнаците, бидејќи тие се многу дружељубиви и се чини дека се подготвени за сето тоа што го нуди ноќта. Ќе си отиде дома со вас таа вечер и подоцна веројатно ќе се пожали за сè што се случило.

Риби

Рибите се потполно несебични и секогаш се подготвени да помогнат. Понекогаш толку очајно сакаат да им помогнат на другите што ќе се запрашате дали го прават тоа од себични причини. Лошата вест е што понекогаш се работи токму за тоа. Рибите ќе сакаат да излегувате секоја вечер, бидејќи знаат дека минувате низ тежок период, но всушност ќе ја искористат вашата ранливост за да си олеснат себеси. Подоцна ќе ви се жалат дека поради вас нивниот живот е во хаос, иако самите тие го создале. Обожаваат да глумат жртви.

Лав

Лавовите се многу страсни, но најмногу од сè, сакаат да бидат главни. Тие се подготвени да се расправаат до смрт тврдејќи дека се во право, дури и кога потполно грешат. Единственото нешто што сепак треба да се почитува е тоа што се искрени во врска со своите постапки. Тоа важи и за ситуациите во кои се комплетно манипулативни. Стојат зад своите постапки и не се срамат да кажат како се чувствуваат. Од таа причина, нивните постапки се опасни и тешко е да се дешифрираат.

3 знаци што астролозите ги карактеризираат како „најподмолни“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.