Торта со малини: Освежителен десерт што ќе ве освои со изгледот и вкусот!

Одличен десерт

Оваа торта ќе ве освои на право залаче!

Состојки:

За кората:

  • 12 белки
  • 12 лажици шеќер
  • 6 лажици екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 6 лажици гриз

За филот од ванила:

  • 12 жолчки
  • 2 пудинга со вкус на ванила
  • 700 мл млеко
  • 100 г бело чоколадо
  • 250 г маргарин со вкус на слатка павлака
  • 180 г шеќер во прав
  • 200 г млеко во прав
  • 150 г малина

За филот со бисквити:

  • 400 мл слатка павлака
  • 200 г мелени бисквити

Други состојки:

  • 400 мл слатка павлака

Приготвување:

1. За приготвување на една кора се матат 4 белки во цврст снег, постепено додавајќи 4 лажици шеќер. Посебно се мешаат 2 лажици екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“ и 2 лажици гриз, па со лажица се замешуваат во снегот.

2. Калап со размер 26 см се обложува со хартија за печење и во него се става смесата. Се пече во загреана рерна на 180°Ц, дваесетина минути. На истиот начин од преостанатиот материјал се печат уште две кори.

3. За приготвување на жолтиот фил, во тенџере се додаваат 500 мл млеко и се вари додека зоврие. Посебно се мати преостанатото млеко со жолчките и пудингот, па се додава во зовриеното млеко и понатаму се вари додека се зацврсти. Се додава белото чоколадо и се меша додека се растопи.

4. Посебно се мати омекнатиот маргарин со шеќерот и млекото во прав. Се соединува со оладениот крем од ванила и се мати со миксер.

5. За приготвување на филот со бисквити, слатката павлака се мати во шлаг и се поврзува со мелените бисквити.

6. Првата кора се враќа во калапот и се премачкува со третина од филот од ванила, преку него се распоредува третина од малините, се премачкува со третина од филот од бисквити и се нанесува третина од шлагот од слатка павлака. Истата постапка на полнење се повторува уште двапати. Се декорира по желба.

Извор: Добра храна

Вкусен и здрав десерт: Ако се чувствувате поспано и мрзеливо, пробајте ги овие енергетски топчиња
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.