Најразмазените мажи: Овие 3 хороскопски знаци се вистински „мамини синови“!

Жените најчесто не ги сакаат

ФОТО: PIxabay

Иако можеби не делуваат така на прв поглед, мажите родени во овие хороскопски знаци се вистински мамини мази

Овие знаци се многу внимателни и грижливи партнери какви што секоја жена би посакала, но тешко дека ќе дојдете до првото место во нивното срце. Таа позиција сепак им припаѓа на нивната мајка. Мажите родени во овие хороскопски знаци се вистински мамини галеничиња!

Стрелец

Мажите родени во знакот Стрелец се чинат многу неоптоварени и бестрашни. Сепак, тие веруваат дека сите проблеми што ќе им се случат ќе ги решат нивните мајки. Немојте да се зачудите ако чуете дека мајката на овој знак се’ уште му ја пере облеката или доаѓа да му ги исчисти станот.

Рак

Веројатно ова воопшто не ве чуди! Имено, мажите Ракови се неверојатни емотивци кои сите работи ги сфаќаат премногу лично и кои многу жени ги сметаат за плачковци. Ним нема да им биде срам да заплачат пред вас, а ако вие не им покажете сочувство или поддршка, веднаш ќе отрчаат во прегратката на мајка им.

Лав

Иако Лавовите важат за вистински фраери кои не делуваат воопшто разгалени, кога ќе ги запознаете малку подобро, ќе сфатите дека тие се всушност мамини синчиња. Тие ги сфаќаат советите од мајка им многу сериозно и секогаш им даваат предност над оние што им ги даваат другите луѓе. Исто така, многу се заштитнички настроени кон нивните мајки, затоа не се ни обидувајте да ги провоцирате на таа тема.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.