Најмрачната страна на хороскопските знаци: Брутални до крај, не сте ни свесни на што се подготвени!

Негативни црти

Дознајте што се крие од другата страна на маската на секој хороскопски знак

Никој не е совршен и секој од нас има мани. Но постојат хороскопски знаци чии негативни страни се изразени до бруталност. Тие се подготвени на сè за да стигнат до зацртаната цел.

Овните ги привлекува оружје

Доколку се занимаваат со криминални работи, најверојатно другите ги плаќаат за тоа, без разлика дали се извршители, уценувачи или платени убијци.

Импулсивните Лавови често знаат да избувнат

Луѓето родени во знакот Лав важат за оние што најчесто носат или поседуваат оружје. Се занимаваат и со провали, но и со хакирање. Импулсивни се и покрај добро разработениот план, најчесто поминуваат лошо, бидејќи брзо признаваат сè.

Близнаците се склони на измами

Доколку се занимаваат со криминал, најчесто станува збор за измами. Близнаците не се закануваат со помош на пиштол, туку со лажни ветувања. Откако ќе бидат фатени, со сите сили се обидуваат да се извлечат и подготвени се на сè, па и на тоа да го откријат името на својот помошник. Но дури и тогаш лажат за да се извлечат.

Бикот не може да им одолее на парите

Овој хороскопски знак најчесто е вмешан во зделки што подразбираат малку работа, а голема заработка, како што се перење пари и кражби. Најчесто работата ја завршуваат сами и никому не му кажуваат за тоа. Ако ги фатат на дело, ќе се покајат и ќе дадат сè од себе за да им простат.

Раковите мислат дека некои луѓе заслужиле насилство

Во моментите на психичка растроеност, Раковите се склони на насилство, а најчесто станува збор за убиства од страст или за одмазда и киднапирање. Тешко го контролираат својот темперамент, па во состојба се и да го убијат својот шеф ако им дал отказ. Кога ќе ги фатат, Раковите делуваат изгубено, но и понатаму сметаат дека нивните жртви го заслужиле тоа.

Девиците планираат сè до ситница

Помеѓу припадниците на земјените знаци, Девиците се најмалку склони на криминал. Ако се занимаваат со сомнителни работи, тоа го планираат до детали. Како и другите земјени знаци, најмногу се занимаваат со финансиски измами. Поради тоа, Девиците се многу опасни како криминалци. Нема да се впуштат во ситни прекршоци. Ако веќе ја ризикуваат својата слобода, тоа го прават од голема корист или за слава.

Најлошите сопрузи „се кријат“ во овие три хороскопски знаци!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.