3 хит бои за коса што ќе ја одбележат оваа есен

Инспирација

Кога станува збор за косата, дефинитивно 2020 година ќе остане запаметена како година на бројни и меѓусебно контрадикторни стилови, фризури и бои.

И покрај фактот дека скоро целиот свет беше „под клуч“ во одреден момент поради пандемијата на коронавирусот, новите трендови на фризури се појавија и во домовите. Есента е зад аголот, а за многу жени тоа значи промена на фризури и освежување на косата оштетена од сол и сонце. Ако одите на фризер, а не сте сигурни каква промена сакате, ви донесуваме три трендови што ќе ја одбележат оваа есен.

„Бронде„ за неодлучните

„Бронде“ е совршена мешавина од руса и кафеава боја, а ќе ја обожаваат сите бринети и русокоси кои сè уште не се подготвени целосно да го променат својот изглед. Оваа златна нијанса е идеална и за сите оние кои малку се двоумат кога е во прашање драстична промена на бојата на косата.

https://www.instagram.com/p/CEkIHusjTwN/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CFGHs3wpolS/?utm_source=ig_embed

Твор за разиграните

Комбинацијата на двете бои и враќањето на гранџ-трендот од крајот на 90-тите и раните 2000-ти ја обележаа и минатата сезона. Оваа сезона таа се враќа во комбинација на црно / кафеава и руса, а ќе ја обожаваат сите оние кои не се плашат да отстапат од нормите и да ја покажат својата разиграна страна.

https://www.instagram.com/p/CDFWxApJ2OM/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/B3NSPFwArGw/?utm_source=ig_embed

Металик за храбрите

За сите храбри, но и за оние кои немаат проблем со одржување и чести посети на фризерскиот салон, има металик сиво. Оваа боја можете да ја комбинирате со поладни тонови од пепел и розова или руса боја за да добиете омбре кое со сигурност ќе привлече внимание.

https://www.instagram.com/p/B9KDAdyp8PD/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/B91vAacH4hJ/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/B-ki0LAhSAA/?utm_source=ig_embed

Прочитајте и: Ако сакате здрава и бујна коса, не ја чешлајте веднаш по миењето

 

ФОТО: Unsplash, Instagram

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.